Адриано Галијани најавува дека Росоњерите во летниот трансфер период ќе ангажираат имиња со кои ќе можат да триумфираат во Лигата на Шампионите | |
Потпретседателот на Милан исто така вели дека пред да бидат донесени нови засилувања, ќе траба да се продадат неколку фудбалери со оглед на тоа дека во моментов Масимо Алегри има широк состав од 31 фудбалер. “Пореди повредите, оваа година во составот имавме 31 фудбалер но за следната сезона сигурно ќе се вратиме на бројката 25-26.” – рече Галијани. За тоа каков ќе биде летниот трансфер пазар на Милан, Галијани додаде: “Доколку го освоиме првенството оваа сезона, после неколку години доминација на другиот клуб од овој град, ќе се обидеме да триумфираме во Лигата на Шампионите.” “Дефинитивно нашиот трансфер пазар ќе биде достоен за успех во Лигата на Шампионите, цел која е прва помеѓу нашите приоритети.” Едно од имињата кое силно се поврзува со преселба на Сан Сиро е плејмејкерот на Сантос, Гансо. “Гансо? Да го оставиме каде што е во моментов, не сакаме да го вознемируваме Сантос.“ Потпретседателот на Милан потоа објасни колку е тешко на клубовите од Италија да се натпреваруваат со оние од Шпанија и Италија. “Во Лигата на Шампионите, примарно сме пенализирани од разликата помеѓу нас и клубовите од Шпанија кој имаат предност преку данокот како и парите од ТВ правата.” “Што се однесува до клубовите од Англија, тие немаат предност преку данокот но големите клубови можат да сметаат на голем приход од стадионот кои ги поседуваат.” | |
4. мај 2011.
Галијани најавува засилувања достојни за триумф во Лигата на Шампионите
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар