4. мај 2011.

Пато подготвен за дербито со Рома


Напаѓачот на италијанскиот гигант Милан, Александре Пато, ќе биде подготвен за игра на дербито со Рома во текот на престојниот викенд, соопштуваат официјални извори од клубот.

Овој натпревар ќе биде од големо значење за неговиот тим бидејќи „росонерите“ уште викендов ќе можат да ја обезбедат титулата во Серија А, па дури и ако одиграат нерешено.

Како што е познато, Пато заработи повреда при победата над Сампдорија од 3:0 и беше заменет за време на мечот поради истегнатиот мускул.

Уште тогаш се покажа дека не станува збор за некоја посериозна повреда, но медицинскиот состав на „миланезите“ од тренерот Алегри побара пауза од 20 дена.

Освен Пато, за гостувањето на „волците“ во игра се очекува да се врати и казнетиот Златан Ибрахимовиќ.

Нема коментара:

Постави коментар