4. мај 2011.

Милан се насочи кон Герет Бејл

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони ветува дека летните трансфери ќе го претворат тимот во победник на Лигата на шампионите, а крилото на Тотенхем, Герет Бејл е помеѓу главните фудбалери кои се на списокот на Милан, тврди таблоидот Мирор.
Росоњерите, кои беа исфрлени во осминафиналето од спарси, имаат потреба од само еден поен во останатите три кола во Серија А за да ја освојат титулата.

Силвио Берлускони предвреме призна дека не е можно Милан да донеси играчи како Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но затоа пак ќе го одврзе ќесето за еден од најталентираните млади играчи.

Мирор тврди дека Бејл е еден од потенцијалните трансфер цели на Милан и не е исклучено дека велскиот репрезентативец да премине на Сан Сиро, иако тој е посакуван и од Интер после фантастичната сезона која ја одигра во Лигата на шампионите оваа година.

Нема коментара:

Постави коментар