Извршниот директор на Милан, Адријано Галијани изјави дека титулата која клубот треба да ја освои во Италија ќе биде посветена на претседателот на „росонерите“ Силвио Берлускони.
Милан има потреба само од еден поен во дербито против Рома следниот викенд, за да го обезбеди предвремено Скудетото во Италија. Ова ќе биде прва титула за клубот од 2004 година.
„Скудетото доаѓа кај нас поради напорите на Силвио Берлускони, кој го доведе Златан Ибрахимовиќ и Робињо со сопствени пари.“ - рече Галијани при претставувањето на новите дресови на тимот за следната сезона.
„Најнајтешкиот момент беше околу Божиќ, кога имавме 11 играчи надвор со повреди, но оние кои пристигнаа во Јануари ни помогнаа многу. Пресвртница беше дербито и сега единственото за кое мислам е титулата.“ - призна Галијани.
Нема коментара:
Постави коментар