Тренерот на Милан Масимилиано Алегри веќе го гледа својот тим како шампион во Серија А.
По успехот со 1:0 над Болоња, „росонерите“ веќе имаат 77 поени, со 8 повеќе од вториот Интер. Така на тимот му треба само уште еден поен, за да стане шампион на Италија.
„Оваа победа ни се приближува се поблиску до титулата. Ни треба еден поен и ќе се обидеме да го освоиме што е можно поскоро. Болоња не се даде лесно и тензиите беа до последниот сигнал. Сега останува да го завршиме започнатото и да можеме да се фокусираме целосно на полуфиналето во Купот на Италија.“ - рече Алегри.
Милан можеше веќе да е шампион ако во саботата Интер не го направеше целосниот пресврт во својот дуел со Чезена (2:1). Сепак, тренерот не е загрижен од ваквиот развој на работите.
„Во саботата во еден момент бевме на врвот на среќата, а во следниот повторно бевме разочарани по двата гола на Пацини во 92-тата и 95-тата минута за победа од 2:1 над Чезена. Ние знаевме дека и онака треба да се победи Болоња и го направивме тоа. Сега останува да ја зачуваме концентрација и да си го обезбедиме Скудетото во следниот натпревар.“ - додаде тренерот
Нема коментара:
Постави коментар