ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или самоМилан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од Англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани[3], и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан има освоено вкупно 18 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати)[4]. Што се однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 17 титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27)[5]. Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство еднаш.
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците два пати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија пет пати, како и пет пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.[6]
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.

Нема коментара:
Постави коментар