30. април 2011.

Фламини бара Милан да го доведе Таиво

Играчот за врска на Милан, Метју Фламини, го повика раководството на клубот да стори сé за да го доведе во составот одбранбениот играч на Олимпик Марсеј, Таје Таиво.
26-годишниот Нигериец одамна се поврзува со премин кај „росонерите“ и Французинот силно се надева тоа навистина да се случи. Договорот на дефанзивецот истекува во летото текот на летот и тој категорично одби да го продолжи. Така Таиво за без пари ќе премине во идниот клуб.

„Таиво би било одлично засилување за Милан. Тој е исклучително цврст фудбалер, но во исто време знае да се вклучува и во напаѓачките позиции.“

„Тој е одличен лев бек и надеваме дека трансферот неговиот всушност ќе се оствари.“
- се надева Фламини.

Нема коментара:

Постави коментар