Тимот на Милан доста тешко стигна до минимална победа од 1:0 над Болоња во натпревар од 35. коло на Серија А, после погодокот на Матју Фламини во 8. минута од натпреварот.
Пред преполните трибини исполнети со 80.000 тифози на стадионот Џузепе Меаца, која ги поддржуваше росоњерите во текот на целиот натпревар, тимот на Масимилиано Алгери си ја врати предноста од осум поени пред Интер и веќе има 77 поени.
Така, на три кола пред крајот на сезоната црвено-црните имаат потреба од само еден поен, за да го освојат 18. скудето во историјата и да се качат на тронот во Италија за прв пат после 2004. година.
Покрај тоа што беа далеку од најдобрите одиграни натпревари во текот на сезоната, росоњерите стигнаа до значајните три поени, иако играа без повредениот Пато и казнетиот Ибрахимовиќ во нападот, домаќините сепак успеаа да стигнат до победата.
Францускиот играч за врска Фламини, го постигна својот прв погодок во калчото на Меаца уште во 8. минута по што настана еуфорија на трибините. До крајот на првото полувреме тимот од Милано беше помотивиран и имаше неколку прилки за да го зголемат водството.
Во текот на второто полувреме, играчите на Алегри го намалија темпото па приликите за погодок недостигаа. Покрај тоа Робињо пропушти една од ретките прилики за нов гол.
Во следното коло Милан и гостува на Рома на Олимпико, па дури и со нерешен резултат тимот ќе ја освои титулата. Болоња остана на 40 поени после петтиот пораз во низа.

Нема коментара:
Постави коментар