Дефанзивецот на Милан, Марио Јепес изјави дека е сигурен во тимот и е сосема мирен во однос на освојувањето на титулата во текот на оваа сезона. Колумбиецот смета дека росоњерите веќе долго време се клучен фактор во финишот на сезоната и дека тие ќе ја постигнат целта.
Во овој момент Милан има осум поени предност на врвот од Серија А на само четири натпревари до крајот на сезоната и се надева дека конечно ќе успее да ја освои првата титула после 2004. година.„Ние сме лидери на табелата од 20. Ноември а тоа покажува дека Милан е најпостојаниот тим во лигата, не се предадовме и се боревме до крај на секој натпревар а тоа ни даде шанса да се бориме за скудетото“.
„Ние сме тим кој го поседува најдобриот напад во лигата а воедно и најдобрата одбрана. Секој тим кој има такви карактеристики, како Милан, може да победува секаден и секого“.
„Зборуваа дека сме биле зависни од Ибрахимовиќ, но сега победуваме и без него. Не е точно, во Милан сите зависиме еден од друг. Ние сите се трудиме и даваме максимум, за да може Милан да победува“, изјави Јепес во интервју за Кореире дела сера.
Нема коментара:
Постави коментар