Агентот на Гансо: Гансо ќе оди во Милан
Агентот на ѕвездата на Сантос, Гансо говори дека неговиот клиент ќе се пресели во Милан.
За младиот Бразилец и член на Сантос постои голем интерес од градските ривали на Милано. Милан и Интер се во отворена битка за потписот на играчот од средината на теренот.
Тренерот на Интер, Леонардо претходно испрати пофални зборови за неговиот сонародник, но агентот на Гансо, Клаудио Паскалин вели дека неговиот клиент ќе го засили актуелниот лидер на табелата во Серија А.
„Гансо ќе одиво Милан. Ова е сензацијата која ја имам во моментов. Нема сомнеж дека Гансо е квалитетен фудбалер и одлично би се вклопил во Милан.“ - рече Паскалин.
Нема коментара:
Постави коментар