26. април 2011.

Фламенго во трка за Сидорф

Според информацијата што ја објави телевизискиот канал Спорт ТВ, раководството на бразилскиот клуб Фламенго е заинтересиран за ангажирање на фудбалерот на Милан, Кларенс Сидорф.

Покрај Фламенго за Холанѓанецот заинтересиран е уште клуб од Бразил, Коринтијанс, но во трката за ангажирање на ветеранот се уште неколку клуба од Германија.Договорот со Милан на 35-годишниот интернационалец од Холандија истекува на крајот од сезоната и во Фламенго веруваат дека на крајот ќе успеат да го убедат Сидорф да се пресели во Бразил.
Сидорф се уште не сака да ги коментира шпекулациите околу евентуалното заминување од Сан Сиро, потенцирајќи дека во моментов е фокусиран на своите настапи во Милан и битката за освојување на титулата во Серија А

Нема коментара:

Постави коментар