26. април 2011.

Фергусон им завидува на Реал и на Милан

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го призна разочарувањето од фактот дека неговиот клуб сериозно заостанува по бројот на одиграни финалиња и освоени титули во ЛШ, во однос на Реал Мадрид и Милан.

Реал Мадрид и Милан се апсолутно најуспешните клубови во евротурнирите, и во моментов се и најтрофејни и со најголем број на одиграни финалиња.

Шпанците одиграле 12 финалиња, додека Италијанците 11, а достигнувањето на ’црвените ѓаволи’ е само 4 финалиња во целокупната историја на клубот.
И покрај тоа што Јунајтед добил 3 од одиграните 4 финалиња, Фергусон е разчаран од фактот што од 12 полуфиналиња клубот стигнал само до 4 финалиња.

„Очекувањата во европската сцена секогаш биле многу високи и ние можеме да им завидуваме на рекордите на некои клубови во Европа. Треба да пробаме да ги стигнеме. Погледнете ги Реал Мадрид и Милан тие се неприкосновени. Нас ни треба брз прогрес за да ги достигнеме барем тимовите како Ливерпул, Ајакс и Баерн. Никој не може да биде спокоен пред полуфиналето, бидејќи таа фаза никогаш не е лесна“, вели Фергусон.

На прашањето кој противник го посакува во финалето, искусниот стратег одговори:

„Не сакам да избрзувам, сега треба да се занимаваме со Шалке. Доколку успееме да се пласираме во финалето, нема значење кој ќе ни биде противник“, кажа Фергусон на традиционалната пресконференција пред натпреварот.

Нема коментара:

Постави коментар