Бразилската ѕвезда на италијанскиот гигант Милан, Робињо, призна дека неговите соиграчи од репрезентацијата Нејмар и Гансо се подготвени за предизвиците кои ги нуди европската фудбалска сцена.
Двете ѕвезди на бразилски Сантос веќе подолго време се мета на големите европски клубови и шпекулациите за нивната иднина се зголемуваат со секој изминат ден.Робињо анализирајќи ја нивната игра во текот на последните неколку месеци верува дека и двајцата се подготвени да заиграат во Шпанија или Италија. „Нејмар и Гансо се фудбалери со одлични фудбалски квалитети и верувам дека одлично би се справиле во шампионатите во Шпанија или Италија.“ - изјави напаѓачот на Милан и додаде:
„Замислете го Нејмар во Барса, заедно со Давид Виља и Лионел Меси. Боже мој! Тоа ќе биде навистина убиствено. Мислам дека двајцата треба да го направат вистинскиот избор за своите кариери ако сакаат да продолжат да постигнуваат успеси.“ - заврши Робињо
Нема коментара:
Постави коментар