Барселона е спремна да направи се само за да го доведе капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас. „Каталонците“ се спремни да издвојат дури 40м фунти за Шпанецот.
Веќе 2 години Барселона се обидува да го доведе капитенот на Арсенал, а менаџерот на „топџиите“ веќе неколку пати најавува дека Фабрегас не е за продажба.Но шампионот на Европа сега ја зголемува понудата за цели 10 милиони фунти, а исто така се спремни да понудат играч по избор на Арсен Венгер од школата на Барса.
„Тие сеуште не зборувале со Арсенал за тоа. Сакаа тоа да го направат додека беа во Лондон за финалето до Лигата на Шампионите, но тоа не се случи. Но, сепак Барса нема да се откаже од Фабрегас сега.“ - велат извори од Барселона
Нема коментара:
Постави коментар