Италијанскиот репрезентативец во редовите на Милан, Андреа Пирло се збогуваше со своите клубски колеги и сите луѓе кои работат во базата Миланело.
Како што е познато, 32-годишниот фудбалер ги напушта росоњерите по десетгодишниот претстој и над 400 официјални средби за клубот. Договорот на играчот за врска истече и со раководството решија патиштата да им се разделат после две титули и два триумфа во Лигата на шампионите и вкупно 9 трофеи.
Утринава играчот тренираше индивидуално, по што ги собра сите тренери и играчи за да се збогува со нив, а додека говореше, емоциите му беа толку силни што се расплака и ги прегрна сите свои колеги.
Светскиот шампион со Скуадра азура од 2006. година во Германија ќе ја продолжи кариерата во најславниот италијански тим, Јувентус. Бјанконерите му предложиле тригодишен договор на техничарот во висина од 4 милиони евра по сезона.
Пред да игра во Милан, Пирло беше дел од Интер, но немаше доверба да добие место во првиот тим, а од ваквата одлука во наредните 10 години Масимо Морати нескриено жалеше што ги послушал своите советници и се разделил со плејмејкерот во текот на летото 2001. година.
Во текот на оваа сезона Пирло одигра 25 натпревари во сите турнири, 17 во Серија А, каде што постигна и еден погодок. Играчот за врска беше повреден во последните 3 месеци.
Успесите на Пирло со Милан:
Титула во серија А: 2004, 2011
Куп на Италија: 2003
Суперкуп на Италија: 2004
Лига на шампиони: 2003, 2007
Суперкуп на Европа: 2003, 2007
Светска клубска титула: 2007

Нема коментара:
Постави коментар