20. мај 2011.

Галијани: Ќе ангажираме фудбалер од средниот ред од странство


Галијани: Ќе ангажираме фудбалер од средниот ред од странство
Адриано Галијани откри дека Милан од странство ќе ангажира фудбалер од средниот ред што оперира по левата страна
Потпретседателот на Росоњерите, уште вчера потврди дека тие се во потрага на фудбалер од средниот ред што оперира по левата страна но сега откри дека тој фудбалер нема да биде од Италија.

“Нема да ангажираме некој од Италија.” – рече Галијани за La Gazzetta dello Sport.

“Нашиот ’Господин Х’ е фудбалер од средниот ред што оперира по левата страна, како Квадво Асамоа од Удинезе, но ќе биде ангажиран од странство.”

“Не можеме да го ангажираме Асамоа бидејќи нема диалог помеѓу двата клуба.”

“Ќе купиме само еден фудбалер, двајца доколку Кларенс Сидорф замине.”

Галијани, кој отфрли ангажман на Марек Хамшик и Хавиер Пасторе, исто така ги негираше шпекулациите кои го поврзуваа Милан со Кака и Ван дер Варт.

“Кака нема да се врати бидејќи Милан не може да го ангажира а Реал не може да ни го позајми бидејќи ќе треба да плаќаат повеќе данок кога тој ќе се врати во Шпанија.”

“Го сакам лудо, но невозможно е да го ангажираме.”

“Ван дер Варт? Алегри сака поборбен фудбалер – не знаеме зошто, но секогаш се сложуваме.”

“На пример, се сложивме околу Гансо. Потребен ни е динамичен фудбалер – класичниот број 10 не работи доволно напорно.”

Росоњерите исто така се поврзуваат со триото на Каљари, Федерико Маркети, Андреа Лацари и Давиде Астори.

“Маркети зависи од иднината на Марко Амелија. Нема да го ангажираме Лацари, но Астори би можел да се врати.

Нема коментара:

Постави коментар