13. мај 2011.

Пирло: Немам договор со Јувентус


Пирло: Немам договор со Јувентус
Андреа Пирло вели дека нема вистина во пишувањата дека тој веќе се договорил со Јувентус за продолжување на својата кариера во клубот од Торино.
Договорот на Пирло со Милан истекува следниот месец па се појавија информации дека тој веќе има договор со Јувентус каде што треба да се пресели во летниот преоден рок.
Но, Пирло ги негира таквите информации велејќи дека најпрво треба да разговара со Милан па би заминал само доколку не се најде заеднички јазик за продолжување на соработката со раководството на Росоњерите.
"Не е вистина она што се пишуваше за Јувентус. Доколку веќе имав договор со Јуве тогаш зошто треба да разговарам со Милан?" - вели Пирло за Corriere della Sera.
"Ќе зборувам со Адриано Галијани во наредните денови и потоа ќе донесам одлука".
"Како и да е, двете страни треба да се сложат. Доколку се понудат вистински услови и доколку тие се среќни тогаш и јас ќе бидам среќен да останам. Би поминал уште десет години тука".
Пирло е само еден од фудбалерите на Милан на кој им е кажано да почекаат до крајот од сезоната пред да се дискутира за нивната иднина. Тука се и Сидорф и Амброзини.
"Сега е време кога клубот треба да ни ги каже своите намери" - смета Пирло.
"Секој е слободен да донесе одлука. И доколку нема повеќе простор за старата гарда тогаш ок, нема да биде проблем. Нема смисла да се продолжи тука по секоја цена".
"Но јас сеуште се чувствувам млад, чувствувам дека можам да играм на највисоко ниво уште три - четири години. Сигурен сум во тоа што го велам. Затоа и едногодишен договор нема смисла".
"Сеуште секам да освојувам важни трофеи и од таа причина важно е да продолжам да играм во Европа".

Нема коментара:

Постави коментар