Кака за Златан Ибрахимовиќ. Ова го побарал тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо од претседателот на кралевите, Флорентино Перез.
Оваа вест звучи сензационално, но се има логично објаснување - шпекулацијата не е ниту на авторитетен италијански медиум, ниту пак на медиум близок на Реал, Марка или АС. Бомбата ја пушти каталонскиот Ел Мундо Депортиво.
Според весникот наклонет кон Барселона, Мурињо сака да го донесе Ибра во тимот, за да може да се справи со Пептимот во битката за титулата наредната година а и во натпреварите од Лигата на шампионите.
Специјалниот одлично ги познава квалитетите на Ибра, бидејќи му беше тренер во Интер. Самиот швеѓанин призна дека Жозе е тренерот кој најмногу му се допаѓа и со задоволство би работел со него.
Милан пак со задоволство би си го вратил Кака - човекот кој остави најголем белег во тимот во последните неколку години. Бразилецот е согласен повторно да го облече црвено-црниот дрес. Според Ел Мундо, кон трампата ќе се додадат и пари, но сеуште не е јасно кој ќе ги додаде и колкава ќе биде сумата.

Нема коментара:
Постави коментар