17. мај 2011.

Официјално: Милан потврди нови договори за Тиаго Силва, Марк ван Бомел и Флавио Рома

Официјално: Милан потврди нови договори за Тиаго Силва, Марк ван Бомел и Флавио Рома

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани најави дека од денеска ќе започнат преговори со неколку фудбалери за продолжување на договорите.

Исходот од првиот ден од средбите на Виа Турати е нов договор за Тиаго Силва, Марк ван Бомел и Флавио Рома.

Тиаго Силва, кој во дресот на Милан се промовираше како еден од најдобрите централни дефанзивци, стави потпис на нов договор со трајност до 30ти јуни 2016.

Марк ван Бомел, кој се пресели на Сан Сиро во јануари, ќе го продолжи престојот во Милано за уште една година откако холандскиот интернационалец стави потпис на нов договор до 30ти јуни 2012 а истото го стори и третиот голман Флавио Рома.

Соопштението на официјалната веб страна на Росоњерите гласеше: “Милан сака да соопшти дека Флавио Рома и Марк ван Бомел ги продолжија договорите до 30ти јуни 2012, Тиаго Силва го продолжи договорот до 30ти јуни 2016.“

Останува да се види каков ќе биде исходот од преговорите со Масимо Амброзини, Алесандро Неста, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф, Филипо Инзаги, Марек Јанкуловски и Никола Легротаље кои се под договор со Милан до крајот на јуни.

Нема коментара:

Постави коментар