17. мај 2011.

Мексес: Чест е да се носи дресот на Милан


Филип Мексес вели дека во следните четири сезони ќе биде фудбалер на Милан и додава дека е чест да се носи дресот на Росоњерите
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани и тренерот Масимо Алегри неодамна потврдија дека имаат договор за ангажман на Филип Мексес (и Таје Таиво) шпекулации кои подолго време кружеа низ медиумите.
Францускиот интернационалец е под договор со Рома до 30ти јуни и како слободен агент ќе се пресели на Сан Сиро.

Во интервју за France Football Мексес сега вели дека е чест што ќе може да го носи дресот на Милан.

"Можам да соопштам: во следните четири сезони јас ќе бидам фудбалер на Милан." - Рече Мексес.

"Поминав седум прекрасни години во главниот град на Италија, Рим за мене е вториот дом."

"Но не можев да ја одбијам понудата на Милан, кој е еден од најголемите клубови во Италија и светот."

"Чест е да се носи дресот на Росоњерите, особено сега кога ќе го видам логото со титулата на новиот дрес."

"Среќен сум што ќе се преселам на Сан Сиро бидејќи Милан е на исто рамниште со Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид."

"Во Италија можев да останам само во Рома и Милан. Доколку не се договорев со Милан, ќе заминев во друга земја бидејќи имав контакт со Реал Мадрид. "
Мексес потоа додаде "Ја донесов одлуката за заминување од Рома во зимскиот трансфер период."

"Во предвид ги земав сите критериуми. Исто така знаев дека Милан ме следи во последните три години. "

"Минатата година и предложив на управата на Рома да ме продаде на Милан но тие не превзедоа ништо."

"Сега целам кон освојување на трофеи во дреост на Милан. Лигата на Шампионите е она што го посакувам. "

Нема коментара:

Постави коментар