10. мај 2011.

Алегри: Враќањето на Кака во Милан е само шпекулација


Фудбалскиот стратег на Милан, Масимилијано Алегри, ги демантираше информациите на италијанските медиуми дека клубот сака да го врати Рикардо Кака во текот на летниот преоден рок.

Во моментов бразилскиот интернационалец го носи дресот на Реал Мадрид, но факт е дека досега ниту еднаш не успеа да го покаже својот најголем потенцијал на Сантијаго Бернабеу.

Можна причина за тоа беа и неколкуте повреди од кои страдаше во текот на престојот во Мадрид, кои го извадија подолго време од игра.

Токму поради тоа, италијанските медиуми започнаа да шпекулираат дека бразилецот би можел да се врати во својот поранешен тим, но засега се чини дека од тоа нема да испадне ништо.

Кака е неверојатен фудбалер и јас би направил се за да го имам во составот. Дури и плачев кога дознав дека го напушта Милан.“

Многу го почитувам како играч, но информациите за неговото враќање се само шпекулации. Во моментов сите сме сконцентрирани на престојното полуфинале од Купот на Италија со Палермо, па дури потоа ќе се состанеме за да решиме кои ќе бидат нашите главни засилувања во текот на летото.“ - изјави Алегри.

Нема коментара:

Постави коментар