Мајката на Кака ги подгреа шпекулациите за можна преселба на плејмејкерот во Лондон откако испрати порака преку својот Твитер профил | |
Ѕвездата на Реал Мадрид подолго време се поврзува со заминување од Сантијаго Бернабеу и Челзи се споменува како една од можните дестинации на бразилскиот интернационалец. Можна преселба на Стемфорд Бриџ сега сугериташе и мајката на Кака, Симоне Леите која на својот Твитер профил пиша: “Ќе бидеме во Лондон следната сезона каде што ќе ги проповедаме зборовите на Господ.“ “Ќе бидеме таму од август – можам да ви го кажам тоа.“ Кака е посветен католик, и добро познато е дека тој е многу близок со своето семејство, кое дојде со него во Европа кога пелјмејкерот во 2003 направи трансфер во Милан. Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти е голем фан на играта на Кака, со кого соработуваше во Милан и иако иднината на стратегот на Стемфорд Бриџ е неизвесна, можно е тој да одигра голема улога во целата зделка. Росоњерите исто така се поврзува со враќање на Кака на Сан Сиро па иднината на бразилскиот интернационалец ќе биде една од топ темите во претстојните месеци особено откако Реал Мадрив вчера го потврди ангажманот на Нури Сахин. |
10. мај 2011.
Мајката на Кака сугерира трансфер во Челзи
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар