11. мај 2011.

Алегри: Не можам да им се лутам на играчите


Тренерот на новиот италијански првак Милан, Масимилијано Алегри, ја пофали играта на своите играчи и покрај поразот од 2:1 од Палермо во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија.

„Росонерите“ беа елиминирани од националниот Куп со вкупен резултат од 4:3 во двете средби и не успеаа да остварат двојна круна, откако пред неколку дена предвреме триумфираа во италијанскиот шампионат.

Вистина е дека во дадени моменти немавме доволно среќа, особено при двете пречки на Ибрахимовиќ. Но, јас нема за што да им се лутам на моите играчи.“

Игравме добро, само што пропуштивме да постигнеме доволен број погодоци. Палермо одигра стабилен меч, а ние не бевме доволно фокусирани во нападот.“ - изјави Алегри.

Нема коментара:

Постави коментар