Заменик-претседателот на италијанскиот гигант Милан, Адриано Галијани, верува дека победата над Бреша може да биде решавачка во освојувањето на Скудетото оваа сезона.
Миланезите требаше доста да се потрудат за да ги освојат трите бода на гостувањето на Марио Ригамонти стадионот, но благодарение на голот на Робињо во 83-та минута, стигнаа до вреден успех и веќе имаат предност од осум бода на врвот во Серија А пред второпласираниот Интер.
„Задоволен сум што ја победивме Бреша бидејќи знаев дека тоа е многу важен натпревар. Многу од големите клубови имаа тешкотии при нивното гостување кај овој противник, но ние успеавме добро да се снајдеме.“
„Титулата уште не е решена, но може да се каже дека победата над Бреша не стави во многу поволна ситуација која ни дава за право да веруваме дека веќе сме шампиони.“
„Сега останува да освоиме уште четири поени и со тоа да си го осигураме освојувањето на трофејот во Серија А.“ - изјави Галијани.

Нема коментара:
Постави коментар