26. април 2011.

Алегри: Наредната година ќе го направам Милан и Шампион на Европа! Трнуваме по трофејот од ЛШ

Tренерот на Милан истакна дека следната цел е тимот повторно да се искачи на врвот во Европа.Тој рече: 
-Следната година во главно ќе целиме кон Лигата на Шампионите.
Масимилиано Алегри е на пат да направи нешто исклучително добро.Уште во првата година на чело на Милан тој веќе е на чекор до Скудетото.
Нешто што не им се случило на "росонерите" суште од 2004 Година. 
Милан води со 8 поени пред второпласираниот Интер, а до крајот има само уште 4 кола. Росонерите се уште се во битката за Купот на Италија, но најголемото разочарување е елиминацијата од Тотенхем во осминафиналето во Лигата на Шампионите. 
"Која е мојата тајна? Фактот дека секогаш сум снаоѓал. Дури и кога ме истераа од Каљари пред една година и останав без тим."
"Дали сакам да отворам циклус како на Анчелоти? Кој не би сакал? тоа нема да биде воопшто лесно, но се надевам дека тука ќе останам уште многу години и ќе освојам многу трофеи. Јас би сакал да останам тука за долго време, но фудбалот понекогаш не ти го дозволува тоа. "
Алегри е на пат да го освои Скудетото уште во првата година во Милан. Нешто што е карактеристично само на тројца во ерата на Силвио Берлускони - Ариго Саки 1988, Фабио Капело 1991 и Алберто Закерони 1998. 
"Оваа сезона клубот направи неколку солидни трансфери и во текот на летото и во Јануари. Целта беше да ја освоиме титулата. Да не заборавиме дека на почетокот на сезоната големиот фаворит беше Интер. Јас имав голема среќа што пристигнав во Милан во годината на големите инвестиции ". 
"Што очекувам од следната година? Одамна не сме сретнале со раководството да зборуваме, но мислам дека тие ќе инвестираат повторно. Овој тим е подготвен да покаже следната година дека постигнатите резултати не се случајни. Се надеваме дека следната сезона ќе бидеме повеќе успешни во Лигата на Шампионите. Следната сезона нашата главна цел ќе биде Лигата на Шампионите."

Нема коментара:

Постави коментар