Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани вели дека Милан сеуште нема испратено понуда за фудбалерот на Сантос, Пауло Енрике Гансо.
Вчера, Гансо изјави дека неговата иднина ќе биде во еден од миланските гиганти, Интер или милан.На прашањето за реакцијата на Гансо, Галијани одговори дипломатски и изјави дека сеуште нема понуда до Сантос за неговите услуги.
„Претседателот на Сантос е во право. Ќе зборуваме за ова кога ќе испратиме понуда. Нема смисла сега да разговараме за ова.“ - рече Галијани.
Нема коментара:
Постави коментар