26. април 2011.

Леонардо: До крајот може се да се случи

Тренерот на Интер, Леонардо сеуште верува во чудо, со кое неговиот тим ќе успее да стане шампион на Италија. Нероазурите забележаа тежок успех од 2:1 над Лацио во натпревар од 34. коло во Серија А.
Сепак, нероазурите сеуште заостануваат 8 поени од лидерот Милан а до крајот на италијанската лига има само 4 кола. Покрај тоа бразилецот смета дека во останатите натпревари се’ може да се случи.

„Добивме една безценета победа. Покрај тоа што останавме со 10 играчи, покажавме неверојатен дух. До крајот на сезоната се може да се случи. Играчите ми дадоа јасен сигнал дека сакаат да се борат до последно“.

„Оваа сезона беше навистина чудна за Интер. Имавме многу успони и падови. Честите повреди истао така не попречија во некои моменти. Знам, дека ќе биде тешко, но не се откажувам од титулата во никој случај“,
објасни Леонардо.

Нема коментара:

Постави коментар