29. април 2011.

Гансо: Немам договор со Милан

Бразилскиот талент Гансо вели дека сеуште не знае дали ќе се пресели во Милан. Информациите од Италија говореа дека талентот на Сантос, Гансо е пред трансфер во Милан откако неговиот агент имал преговори со Росоњерите. Гансо е атрактивна цел на многу европски екипи, но Милан се надева дека ќе успее да победи во трката и да го ангажира фудбалерот.
21-годишниот фудбалер вели дека сеуште нема одлука за негов трансфер но се надева дека ќе се пресели во Европа.
"Сеуште ништо не е дефинирано" - изјави Гансо.
"Сеуште сум фудбалер на Сантос, и не знам уште колку долго ќе бидам".
"Сакам да играм во Европа, тоа ми е голема желба, но не знам кога тоа ќе се случи".

Нема коментара:

Постави коментар