28. април 2011.

Милан подготвува понуда за Аквилани?

Според италијанските медиуми, Милан се интересира за Алберто Аквилани. Италијанскиот интернационалец оваа сезона настапува за Јуве како позајмен фудбалер од Ливерпул.
Старата Дама има опција да го направи трансферот перманентен, но неизвесно е дали ќе сакаат да ја платат потребната сума.
Ливерпул не сака да загуби од инвестицијата и нема намера да ја намали сумата за да се реализира трансферот во Јуве.
Calciomercato пишува дека Милан ја следи ситуацијата и подготвува понуда за поранешниот фудбалер на Рома.
Росоњерите во Аквилани гледаат заменик за Пирло чиј договор со Милан истекува во јуни и голема е веројатноста дека тој ќе го напушти Сан Сиро.

Превод:Д.С 

Нема коментара:

Постави коментар