23. април 2011.

Милан го продава Касано

Кариерата на Антонио Касано во црвено - црниот дрес би можела да заврши уште ова лето, пренесува престижната фудбалска страница од Британија, Goal.com

Милан на лето има намера да се засилува но истотака и да ги продава прекубројните играчи меѓу кој се наоѓал и Антонио Касано.

Бившиот играч на Сампдорија не ги оправда очекувањата од раководството на Милан а и големите примања кој ги има би можеле да го коштаат место во тимот на Масимилиано Алегри.

Имено Антонио Касано во тимот на Милан има одиграно 17 утакмици меѓу кој осум пати бил стартер а во тие утакмици дал само еден гол и направил две асистенции.Касано девет пати влегол од клупата за резерви и тогаш постигнал три гола и три асистенции со што доаѓаме до тоа дека Касано има одиграно 17 утакмици и постигнато четири гола и пет астистенции.

Goal.com наведува дека шансата на овој 28 - годишен италијански репрезентативец е во наредните два меча во кој мора да покаже дека тој заслужува да остане во клубот.Доколку тој разочара местото на трансфер листате е резервирано.

Нема коментара:

Постави коментар