23. април 2011.

Таиво со една ного во Милан

Дефанзивецот на францускиот шампион Олимпик Марсеј, Таје Таиво е близу до трансфер во италијанскиот гигант Милан, тврди "Кориере дело Спорт".

Договорот на нигерискиот репрезентативец со Марсеј истекува на крајот на сезоната и тој веќе јасно покажа дека не сака да го продолжи. И покрај присуството на Дидак Вила и Урби Емануелсон во составот на Милан, "росонерите" продолжуваат да бараат краен дефанзивец и се упатуваат кон Таиво, кој има и предноста да има европски пасош.

"Тој игра за нас шест години и му направивме многу добри понуди за продолжување на договорот, но тој избра да оди во друго првенство, за да продолжи да се развива. Сакам да ви кажам дека тој води разговори со Милан. Не знам дали ќе потпише со нив, но тоа е добра опција за него ", изјави спортскиот директор на Марсеј, Хозе Аниго.

Нема коментара:

Постави коментар