Играчот за врска на Милан, Кларенс Сидорф, вели дека сака повторно да ја освои Лигата на шампионите и Скудетото со Милан.
Покрај тоа, холандскиот фудбалски интернационалец вели дека на продолжување на договорот со „росонерите“ се одлучил без поставување било какви услови.Сидорф неодамна потпиша договор до крајот на следната сезона, во која сака да освои уште важни трофеи, бидејќи таа би можела да му биде и последна во црвено-црниот дрес.
„Никогаш не сум поставувал никакви услови. Не разговарав за тоа со тренерот Алегри, само го потпишав договорот. Единствено што знаев е дека сакав да останам во Милано.“
„Не верувам во никакви гаранции. По 900 одиграни натпревари, што уште би можел да барам од Алегри? Моето срце ми рече да останам за да ги освојам Скудетото и Лигата на шампионите со Милан.“ - изјави за италијанските медиуми Кларенс Сидорф.
Нема коментара:
Постави коментар