17. мај 2011.

Мексес: Чест е да се носи дресот на Милан




Мексес: Чест е да се носи дресот на Милан

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани и тренерот Масимо Алегри неодамна потврдија дека имаат договор за ангажман на Филип Мексес (и Таје Таиво) шпекулации кои подолго време кружеа низ медиумите.

Францускиот интернационалец е под договор со Рома до 30ти јуни и како слободен агент ќе се пресели на Сан Сиро.

Во интервју за France Football Мексес сега вели дека е чест што ќе може да го носи дресот на Милан.

“Можам да соопштам: во следните четири сезони јас ќе бидам фудбалер на Милан.” – рече Мексес.

“Поминав седум прекрасни години во главниот град на Италија, Рим за мене е вториот дом.”

“Но не можев да ја одбијам понудата на Милан, кој е еден од најголемите клубови во Италија и светот.”

“Чест е да се носи дресот на Росоњерите, особено сега кога ќе го видам логото со титулата на новиот дрес.“

“Среќен сум што ќе се преселам на Сан Сиро бидејќи Милан е на исто рамниште со Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид.”

“Во Италија можев да останам само во Рома и Милан. Доколку не се договорев со Милан, ќе заминев во друга земја бидејќи имав контакт со Реал Мадрид.”
Мексес потоа додаде: “Ја донесов одлуката за заминување од Рома во зимскиот трансфер период.”

“Во предвид ги земав сите критериуми. Исто така знаев дека Милан ме следи во последните три години.”

“Минатата година и предложив на управата на Рома да ме продаде на Милан но тие не превзедоа ништо.”

“Сега целам кон освојување на трофеи во дреост на Милан. Лигата на Шампионите е она што го посакувам.”

Нема коментара:

Постави коментар