9. мај 2011.

Леонардо: Милан го заслужи Скудетото

Леонардо: Милан го заслужи Скудетото
Тренерот на Интер, Леонардо признава дека Милан заслужено стигнал до титулата во шампионатот на Италија
Росоњерите во саботата се радуваа на првото Скудето по 2004 откако успеаа да освојат бод на гостувањето кај Рома. Леонардо, кој по 13 години поминати на Сан Сиро кон финишот на минатата година го превзеде кормилото на Интер, вели дека Милан заслужено стигнал до титулата во шампионатот на Италија.
За inter.it тој рече: “Се обидувам да го следам сопствениот пат. Единствено жалам што ние не успеавме да бидеме шампионите, за малку ќе го симневме Милан од врвот.”
“Сепак, Росоњерите заслужија да го освојат Скудетото. Тие се добар тим и јас немам проблем да погледнам во моето минато.”
“Дали ќе му пратам порака на Галијани? Тоа е нешто помеѓу нас. Она што е приватно останува приватно.”
Интер со 3-1 ја совлада Фиорентина и Лео вели дека Нероаѕурите уште еднаш ја покажале својата зрелост.
“Победата беше неопходна за да ги оствариме нашите цели: да играме во Лигата на Шампионите следната сезона и да финишираме на втората позиција.”
“Ова беше уште еден натпревар на кој ја покажавме нашата зрелост. И покрај тоа што бевме заморени, имавме контрола на натпреварот и поведовме со 2-0 во првото полувреме.”
Запрашан дали Интер веќе почнал да се подготвува за летниот трансфер пазар, Леонардо рече: “Не сме започнале да мислиме на следната сезона.”
“Милито? Неговата сезона беше премногу комплицирана па не можам да го оценам. Нашата главна цел е да го вратиме во форма по големиот број на повреди кои ги заработи.”

Нема коментара:

Постави коментар