11. мај 2011.

Пирло постигнал согласност со Јуве за тригодишен договор?

Пирло постигнал согласност со Јуве за тригодишен договор?
Според пишувањата на Corriere dello Sport Андреа Пирло има согласност со Јувентус за тригодишен договор
Италијанскиот интернационалец е под договор со Милан до крајот на сезоната и подолго време се шпекулира дека тој е цел на Јувентус.
Минатата недела агентот на Андреа Пирло, Тулио Тинти имаше средба со генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота.
Денешното издание на Correre dello Sport вели дека Тинти и Марота тогаш постигнале согласност за преселба на Пирло во Торино.
Весникот вели дека поранешниот фудбалер на Бреша ќе го носи дресот на Бјанконерите во следните три сезони.
Останува да се види дали ваквите шпекулации се вистините откако вчера по поразот од Палермо во полу-финалето од Купот на Италија, Пирло најави дека во следните денови ќе разговара со управата на Милан и ќе донесе конечна одлука.
“Во следните денови ќе се сретнам со управата на клубот и ќе донесам одлука за мојата иднина.” – рече Пирло.
“Сега ќе уживаме во преостанатиот дел од сезоната, ќе славиме со нашите семејства и со фановите, кои навистина го заслужуваат ваквиот успех.”
“Ќе има голема забава во сабота на Сан Сиро.”

Нема коментара:

Постави коментар