Тренерот на Милан, Масимо Алегри вели дека не знае ништо за можната трампа со Реал Мадрид во која ќе бидат инволвирани Кака и Златан Ибрахимовиќ | |
Каталонскиот El Mundo Deportivo денеска објави дека Жозе Мурињо на лидерите на Реал Мадрид им предложил трампа со Милан во која ќе бидат инволвирани Кака и Златан Ибрахимовиќ. Тренерот на Милан, Масимо Алегри ги опиша ваквите натписи како класични шпекулации и вели дека не знае ништо за можната трампа Кака-Ибра. “Трампа Ибра-Кака? Не знам ништо за ова.” – рече Алегри. “Ова се само класични шпекулации кои се појавуваат на крајот од сезоната.” “Трансфер стратегијата на клубот, во која спаѓаат и преговорите за продолжување на договорите, ќе започне следната недела.” |
13. мај 2011.
Алегри: Трампа Ибра-Кака? Тоа е класична шпекулација
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар