16. мај 2011.

Галијани: Кака нема да се врати во Милан


Галијани: Кака нема да се врати во Милан
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани вели дека Кака нема да се врати на Сан Сиро.
Имаше шпекулации кои велеа дека Кака би можел да се врати на Сан Сиро, но Галијани ги демантира ваквите пишувања."За жал Кака нема да се врати и причините се од економска природа" - вели Галијани за Gazzetta dello Sport.
"Рома веројатно ќе го откупи Марко Бориело, и нема апсолутно вистина во пишувањата за Кристијано Роналдо и Михаел Есиен".
"Марио Балотели во Милан? Се сомневам во тоа".
Договорите на повеќе постари фудбалери истакуваат следниот месец, тука се Кларенс Сидорф, Андреа Пирло, Алесандро Неста, Пипо Инзаги и Масимо Амбросини".
"Во понеделник ќе одам во Лега Калочо на состанок, па од вторник ќе почнам да зборувам со фудбалерите за обновување на договорите".
Кевин Принс Боатенг сеуште е технички само на позајмица од Џенова, и Галијани на шега изјави дека се надева дека Џенова нема да ја покачи цената за фудбалерот откако тој заигра како Мајкл Џексон.
"Се надевам дека претседателот на Џенова, Енрико Прециоси нема да ја зголеми цената откако виде како фудбалерот танцува".
"Исто како и фудбалер, тој е роден шоумен".

Нема коментара:

Постави коментар