Медиумите од Италија објавија дека тренерот на Милан, Масимо Алегри го идентификувал Хавиер Пасторе како идеалното засилување кое ќе може да ги направи Росоњерите сериозен предизвикувач за трофејот од Лигата на Шампионите.
Се говореше дека Алегри побарал од Силвио Берлускони, ангажманот на Пасторе да биде еден вид награда за освоеното Скудето.
Сепак, Адриано Галијани ги отфрла ваквите шпекулации.
Потпретседателот на Милан рече: “Никој не помислил на Пасторе.”
“Не знам зошто овие работи се појавија во медиумите.”
“Најпрво треба да се фокусираме на фудбалерите чии договори истекуваат следниот месец, се друго останува за потоа.”
Нема коментара:
Постави коментар