8. мај 2011.

Гатузо: Ги затворивме устите на сите критичари


Џенаро Гатузо беше меѓу најсреќните фудбалери на Милан кои синоќа станаа шампиони на Италија по пазуза од 7 години.

„Росонерите“ одиграа 0:0 при гостувањето на Рома и овој резултат им беше доволен целосно, за да си ја обезбедат титулата. За Гатузо задоволството од триумфот е уште поголемо со оглед на многуте критики дека тимот е засрател и повеќето од фудбалерите го поминале врвот.

„Чувството е неверојатно. Сите критики не мотивираа и сега сме посреќни повеќе отколку по победата против Интер. За мене лично задоволство доаѓа и од тоа дека ги негирав оние кои тврдеа дека сум завршил за големиот фудбал.“

„Да, мојата кариера е кон крајот, но Милан ќе купи нови играчи и ќе продолжи да е на врвот. Се надевам оваа титула е почеток на една нова ера за клубот.“
- изјави 33-годишниот играч од средниот ред.

Нема коментара:

Постави коментар