6. мај 2011.

Милан заинтересиран за Хулк

Генералниот менаџер на Милан, Адријано Галијани призна за интерес за ѕвездата на Порто, Хулк.
Името на напаѓачот се споменува постојано за трансфер во водечките европски клубови, а како најсериозен интерес досега има од англискиот Тотенхем.

„Нашата трансфер кампања ќе започне на 30 Мај, но можам да кажам дека многу ми се допаѓа Хулк.“
- призна Галијани.

„Но, тоа не значи ништо, бидејќи ми се допаѓа и Лионел Меси.
“ - рече шефот на „росонерите“.

Хулк е главна фигура во тимот на Порто во оваа сезона, во која „змејовите“ стигнаа до 1/2 финалето на турнирот во Лига Европа и се на прагот од финалето.

Нема коментара:

Постави коментар