Некогашниот фудбалски ас на Ајакс и Милан Марко Ван Бастен уверен е дека огромни заслуги за успехот сезонава во Серија А е заслужен токму тренерот Масимилијано Алегри.
Четири кола пред крајот на сезоната Милан има недостижни 8 бодови предност пред градскиот ривал Интер и е на добар пат да го освои Скудетото прв пат по 2004 година.
"Милан има одличен тим кој најавува многу трофеии во наредните неколку сезони"
"Алегри е многу смирен и искрен човек со јасни идеи, имав можност да го запознаам во Амстердам, се работи за еден голем професионалец и тренер кој може да биде предводникот кон новите успеси на Милан" вели Ван Бастен.
Нема коментара:
Постави коментар