Силвио Берлускони веќе даде до знаење дека сака да го види Португалецот во својот тим, а за него познато е дека тоа што го сака го добива.
Се чекаше одговорот на Реал и се чини дека Валдано денеска ја отвори можноста за преговори но рече дека сега не е време за тоа.
-Убаво е да се слушне тоа дека некој голем клуб како што е Милан сонува за нашите играчи.Сепак морам да кажам дека другото лето Роналдо дефинитивно ќе остане во Реал.Овде тој е среќен и таа тема е завршена.Ова не е вистинско време за трансфер на Кристијано во Милан.
Оваа порака за некого може да значи и крај на оваа тема но не и за Силвио Берлускони.според некои прашањето е само кога Роналдо ќе се придружи на Росонерите.Ова или следното лето.
Роналдо оваа сезона за Реал постигна 29 голови во Лигата и 7 во ЛШ.
Нема коментара:
Постави коментар