Капитенот на германскиот бундеслигаш Келн, Лукас Подолски со своите одлични игри оваа сезона го привлекува вниманието на многу европски фудбалски тимови.Подолски останува незадоволен од своите услови во тимот на Келн а и поради оставката на нивниот поранешен тренер Франк Шафер неговата желба за заминување станува се поголема.
"Верувам дека одлуката на Шафер е искрена и донесена без притисок.Ние му должиме многу нему. Ако не дојдеше тој сигурно сега ќе испадневме од лигата", рече Подолски.
Во извештајот на "Expres" стои дека Милан и Борусија Дортмунд се главни кандидати за потписот на Подолски кој не ја крије љубовта кон својот роден град Келн но можеби сегашната ситуација во тимот ќе го примора да си замине од таму.
Подолски одбива да зборува за неговата иднина и за неговиот можен трансфер во Милан и Борусија и останува сконцентран на преостанатите 3 кола во Бундеслигата. Подослки во текот на оваа сезона има постигнато 12 гола и вкупно 4 асистенции во 27 настапи.

Нема коментара:
Постави коментар