28. април 2011.

Милан го бара Пероти


Hа два месеци пред почетокот на летниот преоден рок, Милан веќе се подготвува за освежување на екипата, а еден од приоритетите е ангажирањето на напаѓачот на Севиља, Диего Пероти.


Во редовите на Милан сметаат дека 22-годишниот интернационалец од Аргентина би бил големо освежување за офанзивниот дел од екипата и дека во текот на летото ќе се обидат да го доведат на Сан Сиро.
Се шпекулира дека скаути на Милан веќе ги следат неговите настапи, а како се ближи крајот на сезоната неговата форма постојано се движи по нагорна линија.
Во досегашниот тек од Примера, Пероти е далеку од формата во која беше во текот на минатата сезона, кога заедно со Хезус Навас, Луис Фабијано (кој ја напушти екипата) и Алваро Негредо беа најзаслужни што Севиља успеа да се избори за место во Лигата на шампионите.
Пероти во Италија може да настапува како играч од Европската Унија бидејќи има шпански пасош, а договорот со Севиља му истекува во 2015 година.

Нема коментара:

Постави коментар