Тренерот на Милан Масимилиано Алегри смета дека 4 поени во преостанатите 4 кола до крајот ќе бидат доволни за освојување на титулата на Италија.
Во моментов „росонерите“ се први во Серија А со 8 поени предност пред градскиот ривал Интер, кој е втор и со 9 пред третиот Наполи.
„Треба да мислиме само за овие четири поени, за да се видиме како шампиони. Направивме се што е можно. Тимот е максимално убеден во своите можности.“ - рече Алегри.
„Сигурно можевме да го елиминираме Тотенхем. Не успеавме, но нема за што да се обвинуваме.“
„Клубот работеше одлично и во двата трансфер прозорецот, со доведувањето на Робињо, Боатенг и Јепес, и во јануари, кога имавме 12 повредени и требаа нови инвестиции."
„Задоволен сум од она што Касано го направи. Тој реши многу натпревари.“ - коментира уште тренерот на Милан Масимилиано Алегри.

Нема коментара:
Постави коментар