Репрезентативецот на Нигерија и член на Олимпик Марсеј, Таје Таиво на крајот од сезоната ќе се пресели во редовите на Милан, објавува Л'Екип.
Овој месец претседателот на Милан, Силвио Берлускони вети дека ќе потпише со "двајца шампиони", ако тимот го освои скудетото за прв пат по 2004 година.
"Росонерите" се заинтересирани и за услугите на плејмејкерот на бразилскиот Сантос, Пауло Енрике Гансо.
На левиот бек на Марсеј му истекува договорот со клубот од Велодром и како слободен играч ќе се пресели меѓу "росонерите". Таиво неодамна истакна дека сака да заигра во Серија А, а неофицијално тој постигнал договор со Милан за тригодишен договор.
Милан веќе подолго време е во потрага по играч на левата бековска позиција откако оваа сезона разочараа Лука Антонини и Марек Јанкуловски. Овој месец претседателот на Милан, Силвио Берлускони вети дека ќе потпише со "двајца шампиони", ако тимот го освои скудетото за прв пат по 2004 година.
"Росонерите" се заинтересирани и за услугите на плејмејкерот на бразилскиот Сантос, Пауло Енрике Гансо.
Нема коментара:
Постави коментар