27. јун 2011.

Eмануелсон останува во Милан

Медиумите во Италија пишуваа дека Холанѓанецот би можел да го напушти Милан и да премине во Наполи.Тоа тврдење го негира неговиот агент Бриан Берекелф.

"Урбу не е заинтересиран за заминување у други клубови. Не е вистина дека ќе отиде во Наполи."


"Тој има договор со Милан каде сака да остане многу години.И има сјаен однос на терените и играчи те и никој никогаш не е разговарал со нас за напуштање од клубот !

10. јун 2011.

Кака не оди во Интер

Бразилецот од средниот ред Рикардо Кака кој го носи дресот на Реал од Мадрид уште еднаш мораше да ја демантира информацијаата која го доведува во врска со Интер.

Медиумите се распрашаа како Кака би можел од следната сезона да го носи дресот на Интер,што сигурно многу би го погодило Милан,во чии редови ги пружаше најдобрите настапи во кариерата од 2003 до 2099 година.

"Искрено би сакал да останам во Мадрид.Мурињо и лидерите на клубот ми кажаа одморот да го поминам во мир,бидејки сите знаеме во текот на летото ќе има разни шпекулации"Реќе бразилецот.

9. јун 2011.

Сидорф: Срцето ми рече да останам во Милан

Сидорф: Срцето ми рече да останам во Милан
Играчот за врска на Милан, Кларенс Сидорф, вели дека сака повторно да ја освои Лигата на шампионите и Скудетото со Милан.
Покрај тоа, холандскиот фудбалски интернационалец вели дека на продолжување на договорот со „росонерите“ се одлучил без поставување било какви услови.

Сидорф неодамна потпиша договор до крајот на следната сезона, во која сака да освои уште важни трофеи, бидејќи таа би можела да му биде и последна во црвено-црниот дрес.

„Никогаш не сум поставувал никакви услови. Не разговарав за тоа со тренерот Алегри, само го потпишав договорот. Единствено што знаев е дека сакав да останам во Милано.“

„Не верувам во никакви гаранции. По 900 одиграни натпревари, што уште би можел да барам од Алегри? Моето срце ми рече да останам за да ги освојам Скудетото и Лигата на шампионите со Милан.“
- изјави за италијанските медиуми Кларенс Сидорф.