17. мај 2011.

Алегри го сака Пасторе за триумф во Лигата на Шампионите


Ѕвездата на Палермо, Хавиер Пасторе е една од желбите на тренерот на Милан, Масимилиано Алегри.
Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри имал состанок со Адриано Галијани и сопственикот Силвио Берлускони за потенцијални трансфери во летниот преоден рок.Алегри го сака Пасторе за триумф во Лигата на ШампионитеИако Милан се поврзува и со фудбалерот на Наполи, Марек Хамшик, Росоњерите сметаат дека Пасторе е реалната цел.
Алегри сака тим кој освен што ќе игра за одбрана на Скудетото, ќе биде конкурентен и во Лигата на Шампионите, па верува дека квалитетите на Пасторе ќе го унапредат тимот.
Стратегот на Милан сака да го игра Пасторе како офанзивен фудбалер од средниот ред, по што Боатенг би се префрлил на левата крилна позиција.
Проблем може да претставува високата оштета која ја бара претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини.
Милан е подготвен покрај кеш да понуди и некој од своите фудбалери.

Нема коментара:

Постави коментар