27. април 2011.

Галијани: Боатенг е фудбалер на Милан

Галијани: Боатенг е фудбалер на Милан
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани потврди дека Кевин Принс Боатенг ќе потпише перманентен договор со клубот.
Боатенг се покажа како одлично засилување за Росоњерите оваа сезона кои се пред освојување на Скудетото. Кевин Принс Боатенг најпрво дојде како позајмен фудбалер од Џенова, а подоцна двата клуба се договорија за ко-сопственост.
Галијани вели дека е договорено и негово комплетно откупување, па тој ќе биде само фудбалер на Милан.
"Тој е наш фудбалер. Договорот со Џенова е да платиме 6 милиони евра, кои би пораснале на 7 доколку Милан го освои Скудетото" - изјави Галијани.
"Договорот веќе е дефиниран во ресторан во Рио де Жанеиро пред неколку месеци".

Нема коментара:

Постави коментар