22. април 2011.

Амелија: Ибра е од друга планета!

Голманот на Милан, Марко Амелија со својата најнова изјава го поласка  својот соиграч Златан Ибарахимович. Швеѓанецот ја разбурна целата италијанска јавност во Италија во последниве недели, откако беше избркан два пати во два последователни натпревари, во еден од случаите за непочитување на страничниот судија. Напаѓачот, сепак се врати на теренот со брилијантен начин, постигнувајќи еден и иастистирајќи при  вториот гол за "росонерите" во дуелот со Палермо (2:2) во Купот на Италија.

"Сме виделе  големи играчи да прават многу полоши работи од постапката на Ибра. Мислам дека казната му можеше да биде малку ублажени, особено во овој момент, кога публиката во Италија има потреба од ѕвезди како него, да ја забавуваат на теренот . Ибрахимовиќ е од друга планета. Видете  што направи во дуелот со Палермо. При вториот гол тој навлече на себе петмина фудбалери за да го ослободи  за Урби Емануелсон , кој ја реализира шансата по додадената топка од Ибра.Тој е многу силен и многу добар фудбалер.Еден од најдобрите во светот...Прави неверојатни работи.ИБРА Е ОД ДРУГА ПЛАНЕТА ", рече Амелија.

Нема коментара:

Постави коментар